Забава
(ВИДЕО+ФОТО) НОВО ОД „Makedonski bushcrafteri”: Најголемиот и највкусен сендвич во Македонија доаѓа од Кочани – приготвен во природа во импровизирани услови
Се појавија неодамна и пленуваат со нивните кулинарски умеење во дива природа…Имаат неколку специјалитети во природа а денес ви го претставуваме најголемиот сендвич во Македонија, долг повеќе од 30. сантиметри…
„Ние сме група пријатели, вљубеници во природата и вкусната храна.
Често одиме на хајкинг, па после напорно одење, застануваме да одмориме и си готвиме најразлични специјалитети и така дојдовме до идеја делот со готвењето да го снимаме и да го споделиме со сите што се љубители на вкусната храна и да им бидеме инспирација на сите што немаат храброст или не знаат да зготват некое вкусно, различно јадење. Се надеваме дека Ви се допаѓаат нашите видеа“, ни рекоа членовите на Makedonski bushcrafteri.
Оваа група пријатели по природа е и доста скромна и не сакаат да се експонират лично туку напоменуваат дека сакаат храната и начинот на приготвување да бидат во прв план.Напоменуваат дека во почетокот енмале искуство па почнале да експериментираат со разни видови месо, зеленчук и сосови…
Нивните рецепти можете да ги видите на следните линкови:
Facebook: https://www.facebook.com/bushcraftkit…
Twitter: https://twitter.com/BushcraftKitch2
Instagram: https://www.instagram.com/bushkraftki…