Свет

Бундестагот ѝ изгласа недоверба на владата на канцеларот Олаф Шолц

Германскиот Бундестаг ѝ изгласа недоверба на владата на канцеларот Олаф Шолц, со што се создаде законска можност земјата да оди на предвремени избори по распадот на владејачката коалиција.

Губењето на гласањето беше пресметан потег од страна на Шолц, имајќи во предвид дека самиот тој побара гласање доверба на неговата влада, стравувајќи дека обидот да ја задржи до редовниот термин на есен следната година, ќе резултира со катастрофален пораз за неговите социјалдемократи.

Во обраќањето Шолц порача дека изборите би биле можност државата да се постави на нов курс и повика на поголеми инвестиции во одбраната. За разлика од нив Демохристијаните и нивниот лидер Фридрих Мерц, на кои анкетите им предвидуваат лесна победа, сметаат дека тоа ќе биде само акумулирање на долг кој идните генерации ќе го враќаат.

Тагови

Поврзани вести