Македонија

Активности за еко заштита на Стрежевското езеро

Редовно се одвиваат активности за  oбезбедување на поголема хигиена на
Стрежевското езеро со оглед на тоа што во изминатите месеци беа регистирани
случаи на загадување од околните фарми. Од јавното претпријатие посочуваат дека иако се преземаат тековни мерки, сепак за финално решение потребна е пречистителна станица.

,, Во месец декември минатата година кога се појавија диви депонии од
комунален, како и од санитарен отпад и ѓубриво. Во истиот момент кога тоа беше
објавено на порталите ние експресно реагиравме и за еден ден го исчистивме
сметот. Таму веќе имаме поставено чуварска служба која што не алармира во
секој момент кога ќе се забележат аномалии кои и штетат на природната
околина, односно на чистата на езерото. Во таквите случаи веднаш се презема
акција. Што се однесува до околните штали целта е да се договориме да не се
дозволи отпадот на шталите да оди во акумулацијата. Во тек е подготовка и на
проект со цел да се направи и пречистителна станица каде сите отпадни води ќе бидат прифатени и одведени на соодветно место на
пречистување, а не да се сливаат во акумулацијата ,,Стрежево,,. За да се
опфатат со еколошки мерки и реките од други села преку кое доаѓа отпад
потребен е поголем зафат.,,-вели директорот на ЈП Стрежево Методија Граматковски.

Од Стрежево сепак нагласуваат дека поради големината на зафатот за успешна реализација на проектот потребно е вклучување и на други релевантни субјекти.

,,Јавното претпријатие ,,Стрежево,, самото не ќе може да го направи тој зафат, но јас се надевам дека тоа може да се реши во
добра соработка со општина Битола и со градоначалничката Наташа Петровска и
со разбира со поддршка на државата да направиме таков проект.,,-вели
Граматковски.

Паралелно со сето ова се работи и на облагородување на околината на самото Стрежевско езеро.

,,Намерата е да поставиме и бетонски канти за отпад. Потребно е тие
да бидат од бетон за да не можат ниту кучиња, ниту други животни или луѓето
да ги туркаат и со тоа да го разнесуваат сметот, ниту пак да ги уништуваат. Тие
ќе бидат и фиксни за да не може никој да ги отстрани, а таму спортските
риболовци ќе можат да го депонираат отпадот во нив. Потоа нашите служби ќе
го преземаат и ќе го депонираат на соодветно место. Со оглед на тоа што
имаме одлична соработка со спортските риболовци таму сакаме да изградиме и
соодветен објект од дрво во вид на печурка кој ќе има функција на
летниковец.,,-вели Граматковски.

Во заштитата на езерото се вклучени и спортските риболовци.

Тагови

Поврзани вести