Свет
Поставен цветен тепих во Брисел
Традицијата започна во 1971 година. Оттогаш наваму историскиот центар на белгискиот главен град 3-4 дена во август буквално „процутува“.
На оваа #ФотографијаНаДенот се гледа годинешниот тепих од цвеќиња кој од денеска до недела е „распослан“на Големиот плоштад пред Градската куќа во Брисел. На површина од 77 на 24 метри со близу еден милион цвеќиња создаден е раскош од бои за кој инспирација е мексиканската сојузна држава Гуанахуато со нејзината богата култура. Токму како и Брисел и Гуанахуато има долга традиција на поставување вакви цветни теписи. Бриселскиот пак традиционално се „плете“ со бегонии, кои важат за типично белгиски цвеќиња.