Живот
Повеќе од половината од светските шуми се наоѓаат во само пет земји
Според податоците на Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство, нашата планета од 1990 година изгубила површина под шуми еднаква на територијата на Либија (178 милиони хектари). Исчезнувањето на овие драгоцени природни ресурси е намалено во последната деценија, но и натаму е сериозно, особено ако се земе предвид дека дрвјата претставуваат значајни „сунѓери“ на јаглерод диоксидот, а шумите се дом за многу растителни и животински видови.
Иако сечењето на шумите и натаму драматично ги уништува шумските екосистеми, податоците го илустрираат нарушувањето на рамнотежата помеѓу пошумувањето, природното ширење на шумата и дефорестацијата. Додека научниците се трудат за развијат комерцијално прифатлива технологија за зафаќање и складиштење на јаглерод диксидот, се занемарува фактот дека природата веќе ни понудила сопствени решенија. Имено, шумските капацитети отстрануваат 45% од јаглерод диоксидот глобално. Дури 54% од светските шуми се наоѓаат во само пет земји – Русија (815 милиони хектари), Бразил (497 милиони хектари), Канада (347 милиони хектари), САД (310 милиони хектари) и Кина (220 милиони хектари).
Меѓу наведените рекордери, Русите и Бразилците највеќе ги злоупотребуваат своите богатства, а стеблата масовно „гинат“ поради нелегалната сеча и расчистување на земјиштето заради земјоделски активности.
Научниците велат дека доколку се обнови шума со површина на САД (986 милиони хектари) – потенцијали би можеле да ги анулираме емисиите на јаглерод диоксид генерирани во последните 100 години и би се неутрализирал негативниот ефект на климатските промени.