Моментално 1/5 од целата површина на Шкотска е заштитена, но до 2030 година ќе бидат оградени уште 5.000 км2. Од шкотската влада велат дека можеби ќе одат и чекор понатаму со цел да дојдат до бројка од 37%, колку што имаат заштитен дел од морињата. Шкотска ќе инвестира и 550 милиони евра во обновување на шумите и на површините под тресет, кои заземаат 1/4 од површината на земјата. Причината за тоа е што тресетот кога е здрав е најдобар природен складирач на јаглерод диоксид на Земјата, но кога ќе почне да се распаѓа знатува голем загадувач на воздухот со СО2. И дргуди земји преземаат мерки за заштита на природата. Германија, на пример, заштитува 38% од својата површина, додека Словенија заштитува над 40%. Глобалната популација со див свет се има намалено за 68% од 1970 година досега, што е алармантна бројка. Поради уништување на природните живеалишта и климатските промени во опасност од истребување се 1 милион видови животни и растенија. Нашиот воздух, водата и системите за храна и повеќе од половина од светскиот БДП директно зависат од природата. (World Economic Forum)