Поволно влијае на слабеењето Тиквата е многу богата со влакна кои го помагаат варењето. Освен тоа, ве држи сити долго време и има малку калории, што секогаш ќе го олесни слабеењето. Го подобрува имунитетот Големото количество на витамин А што го содржи тиквата му помага на телото полесно да се бори против инфекции, вируси и заразни болести. Маслото од тиква, како што е споменато погоре, помага во борбата против разни бактериски и габични инфекции. Покрај тоа, една порција тиква содржи 20 проценти од препорачаната дневна количина на витамин Ц, кој помага во борбата против вирусите и настинките. Влијае на убавината на кожата Бета-каротенот во кожата од тиква помага во заштитата од сончевите УВ зраци кои предизвикуваат брчки. Добро е и за здравјето на очите, здравјето и убавината на кожата. Покрај тоа, витамините А и Ц се, како што велат експертите, еден вид одбрана на клетките од слободните радикали, бидејќи се антиоксиданти.