Најмалку 350 туристи кои останале заглавени по снежна бура на тибетската страна на Монт Еверест се спасени, јавија кинеските државни медиуми. Спасувачките тимови безбедно ја префрлиле групата во најблиското населено место, Чуданг, пренесе ДПА. Претходно беше објавено дека речиси 1.000 луѓе биле заглавени на околу 4.900 метри надморска височина, на источната страна на планината. Нивните шатори биле делумно оштетени од бурата, а пристапните патишта се блокирани од длабок снег. Сè уште не е познато колку луѓе остануваат заглавени на Монт Еверест. Платформата „Џиму Синвен“ јави дека има жртви на местото на настанот, но засега нема потврдени информации за можни смртни случаи.