Новото решение за пакување „ДС Смит Лифт ап“, создадено во соработка со компанијата „Кронс“, е 100% картонски држач што може да се рециклира, кој се очекува да отстрани околу 200 тони пластика од ланецот „Кока Кола ХБЦ Австрија“, пренесуваат медиумите. Ова е новата кампања со која компанијата која е еден од најголемите производители и корисници на пластична амбалажа во светот, а со тоа и е една од најголемите загадувачи сака да покаже колку е грижлива кон природата и луѓето со една навистина ниско интелегентна и навредлива кампања! Нема никаква замена на пластиката туку се работи за срамна кампања во која држачите (кој и не треба да постојат) се направени од картон. „Горди сме што учествувавме во развојот на иновативно решение за пакување кое го елиминира вишокот отпад и пластиката за еднократна употреба. Нашиот „ДС Смит Лифт ап“ е дизајниран со помош на кружна дизајнерска матрица, така што користи најмалку можна количина на материјал, го намалува влијанието врз животната средина и изгледа фантастично во продавниците и супермаркетите. Нашата соработка со партнерите „Кока Кола ХБЦ“ и „Кронс“ е клучна за намалување на пластичниот отпад за еднократна употреба и за воведување иновативни промени во голем обем. Одржливиот дизајн е во срцето на она што го правиме како компанија, поради што ова е одличен пример за пакување што води кон поодржлива иднина за производителите, трговците на мало и потрошувачите,“ рече Стефано Роси, извршен директор на одделот за пакување за „ДС Смит“ се вели во сопштението. Заклучокот е едноставен, производителот навредливо ја подценува интелегенцијата кај секој човек на планетата и со невидено ниско ниво прави кампања со навредлива содржина која го покажува нивното ниво. Решението е едноставно: Државата треба да донесе закон за "Забрана за пластичната амбалажа"!