Свет

Поради глобално затоплување Шведска остана без највисокиот врв

Според најновите мерења , поради забрзаното топење на мразот од ледениците од планинскиот масив Кебнекаисе , Шведска го загуби највисокиот врв.

„Ова е прилично јасен показател за сите во Шведска дека работите се менуваат“, рече географот Нинис Розквист, од универзитетот Стокхолм, која работи на мерење на нивото на глечерите веќе неколку години.

На далечниот север на Шведска, на околу 150 километри од Арктичкиот круг, се наоѓа масивот Кебнекаисе, со два врва- јужен и северен. Од кога се почнати мерењата на нивната височина, односно од 1880 година, јужниот врв е повисок. Но, кога Нинис Розквист и нејзиниот тим го направија годинешното мерење, северниот врв е за 1,2 метри повисок од јужниот врв и има висина од 2.097 метри.

Според претходните мерења, јужниот глацијален врв бил висок 2.106 метри.

„Се сомневавме дека тоа беше случај минатата година, но за жал поради недоволно прецизна опрема за мерење не можевме да потврдиме со сигурност. Но, сега можеме“, рече Нинис Розквист за „Гардијан“, додавајќи дека јужниот врв сега е на рекордно ниско ниво, 24 метри пониско од она во 1960-тите.

„Се намали во текот на изминатите две децении кога почна да се топи еден метар годишно“, рече таа.

Тагови

Поврзани вести