Во петокот, чуварите на паркот фатиле крокодил тежок околу 350 килограми, кој се движел низ природниот парк на реката Флора, популарна туристичка дестинација југозападно од градот Кетрин, пишува Си-Ен-Ен. Тоа е најголемиот крокодил уловен во областа во последните неколку години, изјави портпаролот на Секторот за туризам, спорт и култура на Северната територија. Животното е пренесено на фарма за крокодили и најверојатно ќе се користи за размножување. https://www.youtube.com/watch?v=FhMU9RKZCAs&feature=emb_logo Морските крокодили се најголемиот вид крокодил - и најголемиот жив рептил на светот. Возрасните мажи можат да достигнат 7 метри и да тежат 997 кг. Овие предатори обично живеат во солена вода во близина на крајбрежјето, како што се мочуришта, утоки и лагуни. Властите проценуваат дека околу 100.000 морски крокодили живеат во дивината на Северната територија и сега се заштитени со закон. Оние кои се проблематични, односно остануваат на места каде што има повеќе луѓе, ги фаќаат чуварите на паркот со помош на стапици и ги носат на фармите за диви животни или ги убиваат. Чуварите обично фаќаат повеќе од 250 проблематични крокодили секоја година.