Свет

„Огнениот прстен“ се појави над небото на Јужна и Северна Америка

Астрономите и набљудувачите на ѕвездите викендов беа сведоци на прстенесто затемнување на Сонцето во делови од Северна,Централна и Јужна Америка, пишува Би-Би-Си.

Небесниот настан се случува кога Месечината минува помеѓу Земјата и Сонцето, блокирајќи го најголемиот дел, но не сосема целата сончева светлина.

Патеката на прстенестото затемнување на Сонцето на 14 октомври се протегала на широк простор. Оние кои се наоѓале на патеката на прстенестото затемнување биле сведоци на целосниот ефект на „огнениот прстен“, додека оние блиски региони би виделе делумно затемнување.

Тагови

Поврзани вести