Состојки: 12 парчиња бајат леб 0,5 дл. млеко 200 гр. сирење 3 јајца 0,2 дл. кисела павлака 1 мала шолја масло сол 50 гр. сусам 100 гр. сечено сувомеснато по избор Начин на подготовка: Сирењето се рони ситно во сад, се додаваат јајца, павлаката и сол, потоа млеко и масло, па се меша се убаво. Се зема огноотпорен сад и се премачкува со малку масло, па се редат 6 кришки леб, се става половина од смесата од садот, па се става сечено сувомеснато, а потоа останатите 6 парчиња леб. Се става остатокот од филот, па се прска со малку масло и се става сусам. Се пече на 200 степени 25 минути додека не порумени.