Украинското Министерство за одбрана најави евакуација откако еден од командантите на баталјонот Азов, украинската воена единица која е заробена во челичарницата, сигнализираше можен крај на опсадата. Украинската заменик-министер за одбрана Хана Маљар рече дека 53 „тешко ранети“ војници биле пренесени во болница во Новоазовск, додека други 211 биле евакуирани преку хуманитарен коридор до друга локација, пренесува радио слободна Европа. Ситуацијата со извлекување на заробената команда во челичарницата во Мариупол наликува на ситуацијата во војната во Македонија во 2001 година кога македонските сили го заробија целиот команден состав на непријателите во селото Арачиново по што следеа преговори со огромни притисоци за нивна евакуација и транспорт во Косово, а така и се случи. Инаку тогаш во командата во Арачиново сите командни структури беа странски државјани претежно офицери на американската армија.