Милиони луѓе ширум светот се во самоизолација или карантин, како дел од мерките да се спречи ширењето на Covid-19. Сега кога луѓето се затворени дома и нема возила на улиците и патиштата, нема чамци и крузери во заливите и пристаништата, едноставно нема бучава и метеж – животните без страв се шетаат по улиците каде некогаш се простирале шуми и пасишта. Во градот Нара во Јапонија на улиците има елени, во Тајланд мајмуни, а низ неколку градови во Италија на улиците излегоа диви свињи, коњи, овци... Во Венеција се вратија делфини во каналите каде водата повторно е бистра и чиста.