Свет

Кон што водат рестрикциите и забраните: Едно лице се вакцинирало 23 пати во име на други лица

АФЕРА ВО СЛОВЕНИЈА: Едно лице се вакцинирало 23 пати во име на други лица

Во Словенија луѓето за пари примале вакцина во име на трето лице. Meдиумите во Словенија, открија афера поврзана со вакцинацијата против коронавирус.

Тие пишуваат дека наводно поединци наплатуваат за имунизација во име на други луѓе.

Повеќето од нив се бездомници или луѓе со понизок финансиски статус, кои на тој начин ја обезбедуваат својата егзистенција.

Порталот Дело објави, дека на Клиниката за инфективни болести во Љубљана, еден зависник од хероин е вакциниран дури 23 пати во име на некои други луѓе кои не сакале да примат вакцина. Целта било други лица да се стекнат со сертификат за вакцинација.

Друг млад човек  објасни дека е вакциниран веќе четири пати, и дека од мај се бараат луѓе во Словенија кои ќе бидат вакцинирани во име на друго лице.

Словенечките власти сѐ уште не ги коментираа овие наводи.

Инаку, во Словенија ковид сертификатот е потребен и за одење на бензинска, но и за работа од дома.

 

пренесува faktor.mk

Тагови

Поврзани вести