Свет
Колумбија прогласи вонредна состојба поради жолта треска и смртни случаи
Епидемијата доведе до 74 потврдени случаи и 34 смртни случаи од почетокот на 2024 година, изјави министерот за здравство Гиљермо Алфонсо Јарамило.

Колумбиската влада доцна вчера прогласи вонредна состојба низ целата земја поради зголемување на случаите на жолта треска.
Епидемијата доведе до 74 потврдени случаи и 34 смртни случаи од почетокот на 2024 година, изјави министерот за здравство Гиљермо Алфонсо Јарамило.
Жолтата треска е вирусна болест која се пренесува преку каснување од комарец. (МИА)