Холандија објави дека ќе ја активира фазата од планот за "енергетската криза" наречена „рано предупредување“ и ќе го укине ограничувањето на производството во електраните на јаглен, со иронично образложение дека се обидува да ја намали зависноста од рускиот гас во екот на војна во Украина. Така пропадна во вода целиот имиџ кој го градеше оваа земја како предводник на еколошките мерки, сега можеме да дојдеме до заклучок дека истиот не бил за доброто на граѓаните туку за доброто на бизнис интересите на корпорациите. Холандија, која увезуваше 15 отсто од својот гас, веќе купува ЛНГ (течен природен гас) и ја намалува потрошувачката на гас, но сепак може да се соочи со недостиг оваа зима, пишува Ројтерс. „Со овие мерки, помалку пари ќе му дојдат на Путин“, изјави холандскиот министер за енергетика Роб Јетен и најде оптравдание за идното загадување и штетата која ќе ја предизвика истото по здравјето на луѓето. Фазата „рано предупредување“ од трифазниот план на земјата ги предупредува корисниците, регулаторите и владите на специфичната закана од недостиг на гас, пренесува Танјуг. Ројтерс додава дека планот вклучува и „аларм“ и „вонредна“ фаза, иако останува нејасно како ќе се рационализира снабдувањето со гас за индустриските корисници во случај на физички недостиг. Се очекува Холандија да заштеди две милијарди кубни метри гас годишно со укинување на ограничувањата за производство на енергија на јаглен, а здравјето на граѓаните и штетите кој ќе ги предизвика сега не се важни, никого не засегаат па дури и не смеат да се спомнат. Ројтерс наведува дека земјата веќе го ограничила производството на 35% од капацитетот во своите електрани на јаглен со цел да ги намали емисиите на јаглерод диоксид. Една контрадикторна изјава пренесена во мнедиумите. Холандската влада, исто така, објави дека планира да произведе 2,8 милијарди кубни метри гас од гасното поле Гронинген до октомври 2023 година.