Ако, пак, сакате уште повеќе да ѝ се приближите на природата, едно одморалиште е совршено за вас. На северниот дел на Тајланд се наоѓа засолништето за слонови Anantara Golden Triangle Elephant Camp & Resort. На ова неверојатно место се поставени големи транспарентни меури, кои служат како соби за издавање. Овие необични соби се направени од квалитетен провиден полиестер и им овозможуваат на посетителите да ја набљудуваат природата, но и слоновите околу нив. Секоја соба има површина од 22 метри квадратни и е опремена со голем кревет, тоалет и место за седење. Најдоброто е што послугата ја носи храната до собите, па воопшто не мора да излегувате од нив. Ова ќе ви овозможи непречено набљудување на фасцинантните животни. Според веб-сајтот на одморалиштето, слоновите на имотот не се случајно донесени таму. Наводно, на имотот живеат околу 60 слонови кои биле спасени од улиците ена Тајланд. Овде им е овозможен многу поудобен и подобар живот. Ноќевањето во проѕирните соби чини 585 долари за двајца. Можеби за наши стандарди е скапо, но ова дефинитивно е искуство што би го посакал секој.