Свет

Британија ќе почне со протерување на Албанци кои влегле во државата

Британија ќе почне со протерување на Албанци кои нелегално влегле во државата

Бројот на луѓе кои пристигнаа во Британија со брод достигна еднодневен рекорд во понеделникот. Речиси 40 отсто од оние што пристигнале на овој начин во период од шест недели меѓу јуни и јули биле од Албанија, пренесоа албански медиуми. Новите официјални податоци треба да бидат објавени денеска.

Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател нагласува дека протерувањето на Албанците ќе започне од следната недела. „Поради послушноста и соработката со власта во Албанија, ќе ја искористиме секоја можност да ја забрзаме депортацијата на Албанците “, рече Пател.

Тагови

Поврзани вести