После концертите на Grace Jones, Sevdaliza, Ohrid Calling и Lenny Kravitz, да се потсетиме дека концертот на POSTMODERN JUKEBOX на 6ти септември во Македонска филхармонија е последното светско show на Авалон за оваа сезона! На 6ти септември во Македонска филхармонија, најголемиот светски забавувачки музички колектив POSTMODERN JUKEBOX ќе го прослави својот 10ти роденден како дел од својата светска турнеја! Може да очекувате инспиративно и екстравагантно патување низ универзумот на POSTMODERN JUKEBOX, на кое најголемите светски поп хитови, во винтиџ стилот на 1920тите и врвно свинг кабаре ќе може да се слушнат во изведба на некои од најдобрите светски изведувачи, танчери и инструменталисти… или, на кратко кажано, нешто во стилот на ,,Големиот Гетсби” во комбинација со Френк Синатра и филмот ,,Назад во иднината”. Влезниците се веќе во продажба онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија. Се гледаме на 6-ти септември во Македонска филхармонија!