Македонија

Mакедонското друштво „Илинден”-Тирана побараа отворање на лекторат по македонски јазик во Горица (Корча)

 

Во македонскиот град Горица (Корча), денешна Албанија, ќе се отвора лекторат по македонски јазик откако претседателот на македонското друштво „Илинден” од Тирана, Никола Ѓурѓај поднесе барање до Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура за отворење на лекторатот на Универзитет Фан С. Ноли во Корча.

Во името на македонското друштво „Илинден”- Тирана поднесов барање до Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Македонија и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура за отворење на лекторатот по македонски јазик на Универзитетот Фан С. Ноли во Корча, Албанија, напиша на својот фејсбук статус претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.

Тагови

Поврзани вести