Живот

15 мај меѓународен ден за заштита на климата

Климата е важен природен фактор со одлучувачко влијание врз квалитетот на животот на Земјата. 15 мај е Светски ден за заштита на климата кога вниманието на пошироката јавност е насочено кон големите климатски промени кои се резултат на активноста на луѓето. Досега се донесени неколку документи со цел да се решат проблемите со климатските промени

. Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (UNFCCC) е усвоена во 1992 година во Рио де Женеиро.Целта на конвенцијата беше да се задржат емисиите на стакленички гасови на тогашно ниво. Конвенцијата ја ратификуваа 195 земји. Научниците предвидуваат дека глобалното затоплување би можело да придонесе за масовно истребување на одредени животни во блиска иднина, што ќе погоди дури еден милион видови, што е околу четвртина од сите познати видови.

Некои од прогнозите велат дека просечната глобална температура би можела да се зголеми за 4,5 °C до 2100 година. Додека некои научници предупредуваат дека, доколку драстични промени не се преземат веднаш, до крајот на 2100 година, летото би можело да трае шест месеци, а зимите само два. Затоа се апелира што поскоро да се преземат итни и драстични мерки во борбата против климатските промени.

Експертите велат дека ништо не може да се бори против глобалното затоплување толку ефикасно како масовното пошумување. Шумите сочинуваат 30% од површината на Земјата и се основно живеалиште на милиони видови и се важен извор на чист воздух и вода и играат суштинска улога во борбата против климатските промени.

Тагови

Поврзани вести