Здравје
Пешачење за подобро здравје и природна детоксикација
Eдноставна навика со која ќе го подобрите вашето здравје и ќе постигнете природна детоксикација: пешачете секој ден по 30 минути. Секојдневната прошетка ќе го исчисти вашето тело, ќе ве наполни со енергија и ќе ви го подобри варењето. Ако во месец октомври не започнавте да го практикувате ова, еве ви нова можност во ноември да се поправите. Имате уште десетина дена за физичка и психичка подготовка!
Прошетката, освен што ќе делува позитивно на вашето расположение, има и добар ефект врз лимфниот систем, циркулацијата и варењето.
Точно дека телото има природна способност да ги чисти органите и ткивата, но претерувањето со шеќери и маснотии, зачинети со стрес и токсини од околината го оневозможуваат природниот процес на детоксикација.
Физичката активност го “одзатнува” организмот и токсините полесно се отстрануваат. Иако пешачењето е лесна телесна активност, сепак е доволна за да го исчисти телото.
Совети:
Пропуштивте ден? Не го чувствувајте тоа како неуспех. Простете си себеси и согледајте ги причините за тоа – обидете се да го поправите тоа и продолжете онаму каде застанавте минатиот пат.
Немате време? Доколку немате време, пешачете до или од работа. И не пропуштајте да се искачите по скали, секогаш кога ќе можете.
Зимата е ладна. Нека не ви биде тоа оправдување да се затворите дома. Облечете чизми, капут, се што е потребно и прошетајте. Уживајте во зимските бои на природата.
Не сте обожавател на пешачење? Доколку пешачењето едноставно не е за вас, одберете танцување, јога, пливање или некоја друга активност која ве интересира.
Немате друштво? Земете го со вас вашиот миленик и на него добро ќе му дојде, или понесете ја со себе вашата омилена музичка компилација која дополнително ќе ве мотивира.