Едукација

Нова технологија што може да ја промени индустријата на дијаманти

Научници развија нов метод за создавање синтетички дијаманти за само неколку часа – значително побрзо од досегашните технологии. Истражувањето го спровел тим од Институтот за основни науки, а резултатите ги објави Science Alert.

За разлика од природните дијаманти, кои се формираат милијарди години под екстремни услови, новиот процес овозможува нивно создавање за околу 150 минути. Методот се базира на растворање на јаглерод во течен метал, но со значително пониски притисоци и умерени температури.

Истражувачите користеле специјална мешавина од галиум, железо, никел и силициум, која се загрева и лади во контролирани услови со присуство на метан и водород. Во таква средина, јаглеродот се организира и започнува формирање на дијамантски кристали.

Првите мали кристали се појавуваат по околу 15 минути, а по два и пол часа се формира континуиран слој од дијамант. Иако процесот сè уште е во рана фаза, научниците сметаат дека со дополнителни подобрувања може да се зголеми обемот на производство.

Доколку технологијата се усоврши, таа би можела значително да го поедностави и забрза производството на дијаманти, кои имаат широка примена – од индустрија и електроника до напредни технологии како квантни компјутери.

Тагови

Поврзани вести