Македонија
Нелегалната сеча на дрва во Крушево
Од Крушево преку Крушевската корија, по планинснки и стрмен терен, ечат мотороните пили на дрвокрадците Огромни површини, до скоро покриени со стара букова шума, сега има остатоци од исечени стебла. По земјениот шумски пат над село Белушино наидовме на траги од трактори, испаднати пресечни дрва, сајли со кои се влечат трупците.
„Додека се доближуваме до местото каде дрвокрадците направиле вистински пустош, се слушаше звукот на моторните пили. Кога пристигнавме тука веќе немаше никој, но затекнавме остатоци од храна и облека, кои дрвокардците ги оставиле бегајќи“.
Жителите од околните села со страв зборуваат за пустошењето на шумите. Некои велат дека крушевското шумско претпријатие издава одобренија за собирање отпад од санитарна сеча, а се сечат здрави стебла. Други потврдуваат дека дрвократците минуваат низ селата.
- Ноќе одат, ноќе врват тука, не ги гледаме кои се. И да ги видиме и да ги кажеме кои се, треба да се караме, да се тепаме со нив . Не се од нашето село, од други села во полето се, многу ги има. Во Белушно нема кој да носи, не останаа луѓе, рече Шабан Ајровски, од село Белушино
Од ЈП „Македонски шуми“ велат дека преземаат мерки против дрвокрадците. Неодмана државен инспектор за шумарство му наложил на крушевското шумско претпријатие да воведе шумски ред, да ангажираат повеќе чувари,да се отстране дрвната маса затекната по нелегалната сеча, со што го објаснуваат издавањето потрди за собрирање отпад по санитарна сеча.
- Околината на село Белушино во Крушево е нападната од нелегална сеча за што ЈП Македонски шуми прави напори за сузбивање на оваа појава, за што е побарана помош од Шумската полиција и МВР. Дозволено е на било кој начин да се воведе шумски ред, затоа што доколку би ги оставиле тие бесправно исечени дрва, постојат многу фактори кои можат да предизвикаат штетни последици во шумата“, наведуваат од ЈП Македонски шуми ПШС „Липа“ Крушево
Од шумската полиција велат дека во последните три месеци поднесени се 9 барања за поведување на прекршочна постапка до Основниот суд во Крушево.