Посетителите на плажа во Јужна Каролина присуствувале на неверојатен настан: виделе орел кој од океанот „зграпчил“ ајкула и потоа одлетал со неа. На снимката која се прошири на социјалните мрежи се гледа орелот кој се спуштил до површината на океанот, ја зграпчил ајкулата со канџите и потоа ја прелетал плажата. https://www.youtube.com/watch?v=1fWmsd1cT2E&feature=emb_logo Жената која го снимила настанот навела дека ајкулата била голема околу два метри и дека орелот без никакви проблеми летал заедно со неа, како да станува збор за некоја мала златна рипка.