Премиерот Христијан Мицкоски, заедно сп вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и градоначалникот и кандидат за градоначалник на престојните локлани избори Славе Андонов извршија увид на новоизградената градинка во село Ангелци. Извршивме увид на новоизградената градинка во село Ангелци, која претставува клон на главната градинка во Василево. Градинката ќе згрижува 53 деца до шестгодишна возраст и претставува втора установа од ваков тип во општина Василево, овјави премиерот Мицкоски. По преземените активности и дополнителни инвестиции од општината, обезбедени се сите потребни согласности и одобренија од Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика. Градинката од ноември ќе почне со работа и ќе ги згрижува првите деца, додаде во објавата. Се грижиме за нашите најмали, затоа што тие се иднината и силата на нашата држава, истакна Мицкоски во објавата на својот фејсбук профил.