Брендот Леона го поддржа настанот LeadCo кој претставува тродневна конференција на која членовите на АИЕСЕК Македонија ќе ја имаат можноста преку различни предавања, сесии и тимски активности да се стекнат со вештините кои се потребни за оформување на еден лидер, воедно и нивно спознавање на глобалните проблеми и активно учество при решавање на истите. Концептот на конференцијата ја опфаќа суштината на АИЕСЕК - организација која се залага за вклучување на сите млади во развивање на подобро и поодржливо општество, а со самото тоа и развивање на лидерскиот потенцијал. Изјави Филип Џамбазовски од AIESEC Македонија. Леона како општествено одговорен бренд се грижи за развојот на младите и секогаш ги поддржува нивните активности.