Роузи е жена која сама создала свој дом од 5 транспортни контејнери.Таа се одлучила за контејнери бидејќи лесно може да се наредат едни врз други и со тоа нејзиниот животен простор може брзо и лесно да се прошири – по потреба. Освен тоа, овие контејнери се издржливи и долготрајни и на Роузи ѝ овозможиле неверојатна удобност. Најдобро од сè е што за овој дом не ѝ е потребна струја или вода. Роузи користи соларни плочи за производство на струја и собира дождовница, така што не ѝ е потребна градската вода – тоа значи дека нема сметки за струја и вода. „Ако нешто му се случи на светот, јас ќе бидам добро, не зависам од никого“, вели Роузи. Таа има своја градина, простор пред куќата каде што ужива во попладневното сонце и готви на отворен оган. „Обожувам да готвам, па кујната е прилично голема – изненадувачки за волку мала куќа“, вели Роза. Куќата ја загрева со помош на шпорет на дрва, на кој понекогаш готви, а што се однесува до изолацијата, таа направила целосна заштита од влага, дожд и студ.