Авторот на култната емисија „На Рубу Знаности“, легендарниот Крешимир Мишак повторно во Македонија! По успешното предавање во Свети Николе во септември годинава, еден од најголемите умови на денешницата повторно доаѓа во Македонија со специјално предавање насловено „ТРАНСХУМАНИЗМОТ Е ПРЕД ВРАТАТА, А КАДЕ СИ ТИ?“. Крешимир Мишак е новинар, истражувач, писател, публицист и музичар кој има објавено над 10 книги и повеќе албуми. Во овие три дена во Македонија доаѓа со специјално предавање во траење од 90 минути. Во организација на Меѓународниот Славјански Универзитет, неформалниот културно-уметнички колектив „Аристон“, КИЦ Битола, КИЦ Скопје и киното Киноверзум, Крешимир Мишак ќе одржи три предавања во Битола, Штип и Скопје. Билетите се во ограничен број и можат да се набават преку: Друга Страна – https://drugastrana.mk/event/kresimir-misak/