Македонија
Комитетот за имунизација со напади и закани кон медицинските лица!
Доколку лекар не верува во вакцините и науката не треба да работи во здравството. Ова е ставот на претседателката на Комитетот за имунизација по информациите дека медицински лица настапуваат како лица кои не прифаќаат да се вакцинираат, а притоа околу 25 проценти од здравствените работници не примиле ниту една доза за заштита од Ковид-19. Според професор Александра Грозданова и етички и професионално е неисправно лица во бели мантили да бидат промотори на невакцинирањето.
Вакви тешко обвинување против лекарската фела во Македонија е првпат забележано со што комисијата воведува диктат на употреба на било кој лек или лекарство. Со ваков диктат директно се загрозени идните научни истражувања кои можад да донесат подобра солуција за справување со ковид 19 и престанок на пандемијата која со вакцинацијата на голем дел од населението, не само што не престана, туку продолжува да се шири во поголеми размери.
-Во овој сегмент најболната алка е што немаме комплетна поддршка од здравствените работници. Не треба воопшто и да има дискусија дали здравствен работник ќе е вакциниран, верувајте ова е најболна тема за нас медицинарите, изјави проф. Д-р. Александра Грозданова, претседател на Национаниот комитет за имунизација.
Грозданова се огради од одлуката потврдата за прележаност да биде само 45 дена бидејќи не учествувала во нејзиното донесување, а не се огради од обвинувањата врз колегите, инаку во европа потврдата за прележаност трае шест месеци, што исто така е дискутабилно. Но ги уверува граѓаните кои се избориле со вирусот дека можат да примат вакцина и покрај високото ниво на антитела.
Оваа изјава е контрадикторна сама по себе и со ваквите контреадикторности стигнавме до ситуација да има силен отпор и недоверба во комисиите ширум светот кои очигледно работат оркестрирано и координирано.
Да де прими непотребно вакцина кога нема потреба и се има антитела. а потоа да се се коментира со “не е проблем” е во најмала рака смешно и нодговорно, а камоли научно.
-Нема никаков проблем ако имаат високт титар на антитела да примат вакцина. СДС препочаува најбрзо што може по опоравувањето што значи и после еден месец не е проблем. Има здравствени раотници кои 3-4 недели по оздравување примија вакцина, вели Грозданова.
Претседателката на Комитетот за имунизација вели дека не е доцна и сега да има поагресивна кампања за зголемување на процентот на имунизирани за оние кои се во дилема да ги добијат вистинските одговори.