Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје, и во неделата (14.09.25) беа земени примероци, мостри од страна на професионален експертски тим од ИЈЗ за испитување на радиоактивност во вода, почва, и воздух како и примероци за испитување на тешки метали во почва, земја и испитување на тешки метали во вода. Во текот на вчерашниот ден (15.09.25) ИЈЗ извести дека според резултатите и направените анализи, во земените примероци не е утврдено присуство на радиоактивност во воздух и почва,исто така не е утврдено присуство на тешки метали во вода. Институтот за јавно здравје утврди присуство на тешки метали во почвата на едно место, зголемени вредности на бакар и цинк во површинскиот слој каде што гореле литиумски батерии — додека на сите други локации не се констатирани отстапувања од референтните вредности. Истовремено, не е детектирана радиоактивност во воздух, почва и вода, а во водата не е утврдено присуство на тешки метали, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). По анализата на резултатите од сите земени примероци, може да се заклучи дека нема отстапување од референтните вредности за сите испитани 16 тешки метали. Институтот за јавно здравје во најкус можен рок ги направи потребните анализи. Истите ќе бидат повторени согласно протоколите, во времето предвидено за тоа. ИЈЗ останува во понатамошна координација со Министерството за здравство и со сите надлежни државни институции, а за секоја наредна активност јавноста ќе биде соодветно информирана.