Уште една акција за чистење на отпад спроведоа активистите на Здружението „Енехелеус Лихнид“, овојпат по патот за Беј Бунар. После 3 часовната битка против пластика, метали, разноразни предмети од домаќинства, кревети, гуми, теписони итн., конечно природата го доби сјајот како што го заслужува. Апел до Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид и Општина Охрид да го соберат отпадот по патот за „Беј Бунар“ во најкус можен рок, велат од „Енхелеус Лихнд“. Додаваат дека сите оние што сакаат да се активираат за следни вакви акции, будно да ги следат објавите на Енхелеус Лихнид – Enheleus Lihnid и да помогнат за почист и поубав Охрид !