Патувања

ЕДИНСТВЕНА АРХИТЕКТУРА: Сибиу – град каде куќите имаат „очи“

Списанието „Форбс“ го вклучи во листата на 10-те најидилични места за живеење во Европа. Гратчето Сибиу има околу 150.000 жители и се состои од горен и долен централен дел поврзан со испреплетени улици

Сибиу е средновековен град во романскиот регион Трансилванија, а покрај историското наследство поврзано со германското културно влијание, градот е препознатлив по очите на покривите на куќите, т.е. прозорци што даваат ефект дека куќите ве следат внимателно при секое движење.

Очите, кои се симбол и туристичка атракција на градот, му ги дадоа на Сибиу прекарите „Град со очи“ и „Град во кој куќите не спијат“.

Списанието „Форбс“ го вклучи во листата на 10-те најидилични места за живеење во Европа. Гратчето Сибиу има околу 150.000 жители и се состои од горен и долен централен дел поврзан со испреплетени улици.

Објектите во готски стил го одразуваат унгарско-германското влијание и многу имаат заедничка карактеристика на нивниот покрив со тешки керамиди: мали прозорци на таванот што се појавуваат како ролетни свртени кон вас.

Можете да видите обични куќи со две очи, но исто така можете да сретнете куќи со три, четири или дури пет очи.

Сибиу некогаш бил административен центар и главен град на Зибенбургер Саксен, германското население во Трансилванија. Луѓето тврдеа дека германските окупатори во регионот намерно ги изградиле очите за да всадат страв кај луѓето – да знаат дека секогаш ги следат и затоа мора да се однесуваат соодветно.

Исто така, интересно е што очите на Сибиу во 2017 година станаа симбол и еден вид лого на демонстрациите против корупцијата во владата. Со оглед дека овој град е еден од културните метрополи во земјата и поразвиените градови – демонстрантите рекоа дека создаваат „област без корупција“ со очите на Сибиу како симбол на нивната постојана будност.

Денес, очите на Сибиу се туристичка атракција во регионот што привлекува внимание со својата уникатна архитектура.

Тагови

Поврзани вести