Македонија
Д-р Мехмедовиќ: Имало манипулација со бројките во јавноста
Д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести кој изјави дека има статистики кои се водени од претходната комисија за заразни болести кои сериозно ќе ги разгледаат, затоа што имало манипулација со бројките, но апсолутните бројки укажуваат на тоа дека сме на 6 или 7 место по смртност, сега на Фејсбук се дообјаснува за неговата изјава за „Утрински брифинг“

Во денешното гостување на Утрински брифинг на прашањето за високата смртност во нашата земја од ковид одговорив:” Има статистики кои се водени од претходната комисија за заразни болести кои сериозно ќе ги разгледаме, затоа што да имаше манипулација со бројките, но апсолутните бројки укажуваат на тоа дека сме на 6 или 7 место по смртност”. Би сакал да појаснам, пред се поради големиот интерес на новинарите што точно значи “манипулацијата” со бројките. Не се работи за манипулација на бројките од страна на претходната комисија за заразни болести, туку за начинот на кој се интерпретираат бројките во јавноста, вели тој.
Мехмедовиќ додава дека долго време се разговараше на темата дека во ковид евиденцијата се водат и починатите од друга болест или несреќен случај кај кои е посмртно докажан присуство на коронавирусот, а тоа може да биде и причина за големата смртност, и тоа е нешто за што ќе се отвори дискусија на КЗБ, пренесува Вечер
Во секој случај останува фактот за манипулација или со благи зборови кажано “погрешна интерпретација” со бројките во ковид кризата, останува да почекаме дали некој ќе превземе одговорност за ова или како досега во изминатите години ќе се оди да се заборави и заташка.