Македонија

Душан Заевски, скопјанецот кој гради еколошки куќички на дрво

Душан Заевски е скопјанец кој гради еколошки куќички на дрво. Куќичките може да бидат за живеење, каква е што е неговата, во селото Герман, но може да бидат и само за играње за деца или за бегство од реалноста, какви што гради во моментов. Душан е самоук. Неговото образование воопшто не е поврзано со она што го работи во изминатите години. Во изработката му помага Дамјан, кој прво почнал да мете прашина, а сега работат заедно во работилницата во скопската населба Ченто.

На покана на продукцијата на National Geographic оваа година планира да оди во Америка каде што со други млади креативци од цел свет ќе градат куќички за специјален ресорт.

За Екобаланс Душан раскажува како „влетал“ во оваа приказна со градење на куќички на дрва, која почнала пред осум години. -За мене ова е само една голема игра, вели за „Екобаланс“ Заевски.

Куќичките на дрво се монтираат на четири големи штрафа. Кога Душан ја правел неговата куќа на дрво, целиот процес траел околу шест месеци. Во изработката користел рачен алат. Нема опасност дека овие куќи може да паднат, бидејќи се внимава на која висина се поставуваат и најчесто тие се во крошната на дрвото. Душан сака да избега од градскиот метеж и целата приказна да ја продолжи во некоја поприродна средина каде што ќе нема многу асфалт. Куќите на дрво можеби за некого се место за играње, за криење на малите, детски тајни, место каде што се чуваат работи кои не смеат да бидат најдени, или пак за возрасните бегство од реалноста, Душан Заевски може да ги направи да бидат и место за живеење, макар и на определно.

Тагови

Поврзани вести