„Се наполнија не еден, туку два камиона до горе со сѐ и сешто – од ситно ѓубре, како пластични шишиња, до огромни и тешки гуми, теписи, ВЦ-школки и разни други чудни ствари. Благодарност до Лабораториум за иницијативата, одличната соработка и организација. Да се собираме пак за убави работи! Едно браво и до дечките од КХС кои се враќаа и за втора тура полнење на камионот! Да повториме, не чистиме само за да биде почисто, туку за да инспирираме и мотивираме што повеќе луѓе да се грижат за нивната околина и да бидат активни во нејзиното сочувување. Не барајте човек за пример. Бидете примерот!“, објави еко – движењето За почиста Македонија. Акцијата беше спроведена во понеделникот. Останува да се види колку долго просторот останал чист.