Македонија
Временска прогноза за февруари: Зимата зема замав – подгответе се за нов студен бран
Според најновите анализи кој сега ги направивме укажуваат на тоа дека зимата со полн замав ќе продолжи и во текот на следниот месец, односно во февруари, информира метеорологот Славчо Попоски.
Поточно очекуваме температури блиску нормалните за тој месец од годината, сепак врнежите треба да бидат значително од просечните за тој дел од годината како кај нас па така и над целиот Европски Континент, секако и на Балканскиот Полуостров, прикажано на следната метеоролошка карта:
Во ваква ситуација може да очекуваме врнежи и од дожд и од снег, и понатаму ќе има услови за формирање на снежни невремиња низ Европскиот Континент.
Услови за вакви појави има и на Балканскиот Полуостров што значи зимата во полн замав треба да ја има и во текот на следниот месец, барем гледано според сегашните анализи, секако со оглед на тоа дека се работи за подолгорочна анализа на времето можни се и измени на истите.
Инаку пак во изминатиот период во поголем дел од Европа владееше вистинска зима, во алпскиот регион снежната покривка изнесува дури и над три метри каде постои опасност од појава на лавини.
Многу снег во изминатиот период е забележан и на Балканот како и кај нас.
Снежното невреме кое неодамна го зафати Балканскиот Полуостров однесе и човечки животи во кој и македонски граѓани кој загинаа во стравичната сообраќајна несреќа во Лесковац неодамна која се случи поради лошите временски услови и снежното невреме кое ја зафати Србија, поточно невремето соседна Србија ја зафати минатиот месец.