Патувања

„Silversea’s World Cruise” на 62 пристаништа во 32 земји и сите седум континенти во период од 140 дена

Ако некогаш сте сонувале да ги шкртнете сите седум континенти од вашата листа на животни желби, сега постои крстарење кое ќе ви овозможи да го направите токму тоа за помалку од пет месеци.

Почнувајќи од Форт Лодердејл, Флорида на 6 јануари 2020 година, „Silversea’s World Cruise” застанува на 62 пристаништа во 32 земји и сите седум континенти во период од 140 дена.

Откако ќе се качите на „Silver Whisper”(Сребрен Шепот), кој може да смести 382 гости и 302 членови на екипажот, ќе се упатите на југ кон Карипското Море, со застанувања во Порто Рико и Барбадос, а потоа кон Јужна Америка, каде што ќе посетите градови како Рио де Жанеиро и Буенос Аирес.

Бродот потоа се упатува уште појужно, каде што ќе го поминете 5-ти февруари 2020 година, истражувајќи го Антарктичкиот полуостров, пред да се упатите кон западниот брег на Јужна Америка за да видите неколку пристанишни градови во Чиле.

Потоа се оди кон Велигденскиот Остров и Тахити. Од таму ќе направите уште неколку застанувања во Јужниот Пацифик, а потоа ќе ги посетите некои од најдобрите градови во Австралија, вклучувајќи ги Сиднеј, Мелбурн и Перт.

Во Азија, ќе застанете во Бали, Сингапур, Пукет, Шри Ланка и Мумбаи и потоа ќе пловите низ Блискиот Исток до Оман, Јордан и Египет. До почетокот на мај, ќе се најдете на Медитеранот со застанувања во Рим, Барселона, Лисабон и Порто пред да тргнете кон Британските Острови и Скандинавија и да го завршите патувањето со летање дома од Амстердам на 25 мај 2020 година.

Се разбира, ваквото долготрајно патување не е евтино. Цените започнуваат од 62.000 долари по гостин за Vista Suite апартманот од 287 квадрати и одат до 240.000 долари по гостин за да престојувате во апартманот Owner’s Suite од 919 квадрати, кој доаѓа со сопствена веранда.

Сите соби вклучуваат услуга од батлер, како и одделни простории за уживање за да ви биде колку е можно поудобно на вашето петмесечно патување околу светот.

„Silver Whisper”, исто така, има четири различни ресторани, спа и казино, плус базен и фитнес-центар. За повеќе информации за ова епско светско крстарење, посетете ја веб-страната silversea.com.


Тагови

Поврзани вести