Македонија
Koлкав е природниот прираст по градови во Македонија
Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2018 година, во споредба со истиот период лани, е намален за 1.6 % и изнесува 5 255 живородени деца.
Повеќето општини се во негатива, а оние населени места кои претходно имаа добар прираст сега почнуваат со стагнација.
Населените места во Македонија се ситнат со население.
253 е природниот прираст во Скопје, – 22 во Берово, – 134 во Битола, – 3 во Богданци, 26 во Боговиње, 1 во Босилово, 6 во Брвеница, -20 во Валандово, -1 во Василево, -5 во Вевчани, -28 во Велес, 2 во Виница, -14 во Врапчиште, -17 во Гевгелија, 35 во Гостивар, 2 во Градско.
Понатаму, природниот прираст во Дебар е 5, во Дебарца -13, Делечво -23, -14 во Демир Капија, -32 во Демир Хисар, -9 во Дојран, 10 во Долнени, 42 во Желино, 8 во Зелениково, Зрновци 0, -3 во Илинден, -11 во Јегуновце, -23 во Кавадарци, -11 Карбинци, -54 во Кичево, 0 во Конче, -34 во Кочани, -22 во Кратово, -26 во Крива Паланка, -13 во Кривогаштани, -3 во Крушево, -38 во Куманово, 33 во Липково, -9 во Лозово, -1 во Маврово Ростуша, -7 во Македонска Каменица, 0 во Македонски Брод, -15 во Могила, -10 во Неготино, 2 во Новаци, -38 во Ново Село, -14 во Охрид, 7 Петровец.
Во Пехчево е -5, во Пласница -3, -110 во Прилеп, -20 во Пробиштип, 8 во Радовиш, -10 во Ранковце, -44 во Ресен, 1 во Росоман, -15 во Свети Николе, 19 во Сопиште, -7 Старо Нагоричане, 8 во Струга, 41 во Струмица, 76 во Студеничани, 16 во Теарце, 54 во Тетово, 6 во Центар Жупа, Чашка 22, Чешиново – Облешево -12, Чучер Сандево 31, -41 во Штип.