КлимаПрирода

Eвакуација на 800 жители на шпанскиот остров Ла Палма поради лавата

Околу 800 жители на шпанскиот остров Ла Палма добија инструкции да се евакуираат поради лавата од вулканот што еруптира, објавија локалните власти. Службата за итни случаи на Канарските острови, на кои им припаѓа Ла Палма, преку Твитер објави дека издала наредба за евакуација на различни центри на западниот дел на островот, бидејќи се очекува лава да напредува од вулканот Кумбре Виеха. Деновиве на околу 3.000 жители на Ла Палма им беше наредено да останат во своите домови кога лавата почна да испушта потенцијално токсичен гас.

Речиси 7.000 луѓе се веќе евакуирани поради ерупцијата на вулканот која трае од 19 септември, од кои некои загубија сѐ под лавата што уништи речиси 600 хектари и повеќе од 1.200 куќи, соопштија властите. Островот Ла Палма со 85.000 жители сега е под трета вулканска ерупција во еден век, по ерупцијата на вулканот Сан Хуан во 1949 година и Тенегуја во 1971 година.

Тагови

Поврзани вести