Патувања

Cinque Terre – Петте магични италијански села

Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, селца кои ги отсликуваат сите карактеристики на италијанската убавина. Таму, ќе имате можност да се изгубите во природните убавини и да уживате во прошетките меѓу лозјата и маслиновите градини, кои се наоѓаат над овие пет села.  Тие се поставени на стрмен и непристапен дел на Лигурската обала. Селцата заедно со околните ридови го сочинуваат Националниот парк Чинкве тере,  кој е под заштита на светското културно наследство на УНЕСКО. Овие бајковити селца се карактеризираат со шарени италијански куќички и тесни улички и интересно е тоа што до крајот на 19от век тие биле комплетно изолирани од остатокот на светот. Денес, до нив се стигнува лесно преку одлично организираните возови, а во летниот период и со бротчиња. 

post cover photo

Риомаџоре

Риомаџиоре е најголемото село од Чинкве Терре. Неофицијално се смета за главен град на регионот и едно од најромантичните места. Посетителите можат да уживаат гледајќи ги птиците и слушајќи ја мелодијата на морето или да ја посетат ботаничката градина.

Манарола

Манарола е второто најмало и најстаро село од Чинкве Терре. Посетителите можат да прошетаат низ неверојатните улички и да вкусат добро и квалитетно вино, а сончањето и скокањето од карпите се речиси задолжителни ритуали во ова село.

Корнилја

Корнилја е најмалото село од оваа група. Тоа е опкружено со лозја и разнобојни тераси и нуди прекрасен поглед на сите пет села. За разлика од другите села, Корнилја е единственото селце кое нема директен пристап до морето, бидејќи е изградено на врвот на ридот опкружено со лозја.

Вернаца

Вернаца е четвртото селце од Чинкве тере, познато по своето живописно пристаниште. Со изобилство од тесни улички ви пружи неверојатна релаксирачка прошетка. Шареното село од 1.000 жители е едно од најшарените и најубавите селца на италијанската ривиера, но исто така е и најудобно за пешачење, бидејќи има најмали ридови. Автомобилите се забранети во Вернаца, автентично рибарско село во пастелни розови, жолти и тиркизни нијанси.

Монтеросо

Монтеросо е петтото и последното рибарско селце опкружено со прекрасни лимонови дрва, познато по своето производство на вино. Стариот дел е изграден помеѓу тесните средновековни асфалтирани улици, а новиот дел се протега по долгата песочна плажан и овие два дела ги поврзува тунел.

Тагови

Поврзани вести