Македонија
609 претпријатија и други субјекти кои внесуваат електрична и електронска опрема ја плаќаат т.н. „еко-такса“
Само 609 претпријатија и други субјекти кои внесуваат електрична и електронска опрема ја плаќаат т.н. „еко-такса“, односно надомест кој, според законот за управување со овие уреди донесен пред неколку години, задолжително треба да го уплаќаат на наменски организации кои понатаму со тие финансиски средства треба да се грижат за рециклирање и отстранување на отпадот кој го создаваат автоматите, машините за перење, телевизорите, мониторите и др.
Според она што го тврдат организациите за отпад и Министерството за животна средина, досега се регистрирани само половина плаќачи на потребната „еко-такса“. Неевидентираните засега ги избегнуваат трошоците и има такви кои поради тоа стануваат поконкурентни во однос на оние кои плаќаат, бидејќи за еден нов фрижидер што е за продажба, на пример, со тежина од 30 килограми треба да се префрлат 1.500 денари.