Според предвиденото сценарио за развојот на пазарот таа предвиде дека до 2030 година нивниот број ќе се зголеми на 125 милиони единици. Лидер во квантитет по продажба на такви автомобили е Кина, каде минатата година биле реализирани 580.000 возила, што претставува 50% од глобалниот пазар. Сепак, нивниот удел во земјата сеуште е доста мал – 2,2% од сите автомобили. Растот во Кина до 2016 година достигна 72%. Второто место го зазема САД со 280.000 продадени електрични автомобили и хибриди. ИЕА наведува дека по однос на уделот на пазарот на електричните во однос на останатите видови на возила најголем е тој во Норвешка, каде 4 на секои 10 автомобили се опремени со електромотор. Потоа следи Исланд со учество од 12% и Шведска со 6%. Властите во многу земји воведуваат програми кои овозможуваат постепено исфрлање на дизел автомобили. Од своја страна, производителите на електрични автомобили добиваат финансиска поддршка од државата и даночни олеснувања. Во такви услови глобалниот пазар на електрични автомобили ќе се зголеми за околу една четвртина секоја година, прогнозира ИЕА.