Свет

Предупредувања за поплави во Велика Британија поради бурата Клаудија

Жолти временски предупредувања се издадени за делови од Англија и Велс поради обилни врнежи од дожд донесени од бурата Клаудија.

Метеоролошката служба предупредува на можност за поплави, а во некои области се очекуваат до 150 милиметри дожд, пишува Скај њуз.

Предупредувањето е на сила од пладне до крајот на денот и опфаќа делови од Велс, Мидлендс, Југозападна, Југоисточна и Источна Англија.

Тагови

Поврзани вести