Македонија

Ќе се чисти охридската дива депонија на Мауцкер

По примерот на струшката од утре и најголемата дива депонија во Охрид, на Мауцкер ќе почне да се покрива со земја, со цел да се намали шутот, но и да се избегне опасност од спалување со таа разлика што за жал на истата локација ќе продолжи да се носи смет бидејќи во моментот нема друга опција ниту друга локација за депонирање на отпадот.

Но, ова е добар метод кој ќе ја намали количината на отпад, а истовремено ќе воспостави ред на влезот од градот каде и е сместена депонијата, вели Љупчо Грданоски од ЈП охридски Комуналец.

„Во тендерот е предвидено 16.000 метри квадратни порамнување на градежен шут. Набавка и утоварање на 2500 метри кубни квалитетна земја, а истата таа земја машински ќе се порамнува на 7000 метри квадртани. Ќе се утовара и транспортира градежен шут на 5000 метри квадратни, со што шутот ќе се распореди на површина од 500 метри.тие биле условите од министерството за животна средина кој треба да ги исполни избраната фирма на тендерот“ – посочува Грданоски.

Цели десет години оваа депонија е грда слика за туристичкиот центар и голем еколошки загадувач за кој општината нема сили трајно да го детерминира па ќе го средува повремено се додека не се изнајде идеално решение. Една од можностите е да се набави дробилка за преработка на градежниот шут. Во меѓувреме нема друга алтернатива освен процесот на затрупување кој министерството за животна средина ќе го спроведе на неколку вакви депонии во земјава.сепак постои програма и план за нивно трајно решавање во иднина.

„Ние го пратиме европскиот концепт за регионално управување со депониите и производство на енергија од нив. Тие европски вредности ќе доминираат во конечната одлука. 99 посто од општините ни ги доверија ингеренциите за распишување на тендер за расчистување на депониите во 4 региони. Во мжс преземаме активности за чистење на неколку диви депонии во македонија меѓу кои и депонијата на влезот во охрид, ќе ја опфатиме и неа со оваа програма“ – најави заменикот министерот Јани Макрадули.

Инаку пред две години, беа направени проценки за депонираната количина на отпад и потребните средства за расчистување на отпадот. Тогашните проценки покажаа дека на оваа депонија има огромни количини депониран комунален отпад и градежен шут во износ од околу 40.000 кубни метри , а за кој се потребни 500.000 евра за расчистување.

Тагови

Поврзани вести