ВестиВоздухЖивотЗдравјеМакедонија

Што содржи скопскиот воздух

ПМ10 честичките заедно со токсичните супстанци апсорбирани во подолг период може да доведат до различни заболувања кои може да станат и хронични, вели во интервју за „Екобаланс“ д-р Трајче Стафилов, редовен професор на Институтот за хемија на Природно математичкиот факултет на Универзитетот „Кирили и Методиј“ во Скопје.

Проф. Д-р Стафилов Трајче

Според него, главен извор за загадувањето на воздухот во Скопје е загревањето на домаќинствата со дрва, јаглен или нафта, потоа сообраќајот и индустријата со отпадните гасови.

Граѓаните најчесто во есен и во зима се загрижени за квалитетот на воздухот. Зошто само во зима наместо дозволените 50 микрограми на метар  кубен ПМ 10 честички, во Скопје се мерат меѓу 500 и илјада микрограми?

Освен ПМ10 и ПМ 2,5 честички во скопскиот воздух има и честички во кои се присутни и соединенија од групата на хексахлороциклохексани во кои спаѓа и линданот, застапени во депонијата во ОХИС која е дефинирана како „жешка точка“ број еден во Македонија поради токсичноста на овие супстанци и нивното количество.

Како да се подобри квалитетот на воздухот во Скопје? Решавањето на проблемот со загадувањето бара долгогодишни активности и сериозни финансиски средства, но и храброст во одлуките тоа да се реши.

Тагови

Поврзани вести