Забава

Црешово дрво влезе во Гинисовата книга на рекорди

Лего штотуку влезе во Гинисовата книга на рекорди, благодарение на црешовото дрво во природна големина кое во целост е изградено од минијатурни Лего коцки.

Со оглед на тоа дека цветот од цреша е симбол на новиот живот во Земјата на изгрејсонцето, ова дрво е склопено и поставено во Леголенд во Нагоја, и тоа токму во сезоната на “Ханами” – традиционален обичај на уживање во црешовите дрвја.

Лего искористил 881.470 коцки, а склопувањето на дрвото траело повеќе од 6500 часа.

Ова величенствено црешово дрво, високо повеќе од четири метри, е направено од зелена база, големи гранки, крошни со цветови и украсено со светилки кои го украсуваат ноќе.

Тагови

Поврзани вести