ВестиПриродаСвет

Со солзавец избркани еко-активисти во Франција

Француската полиција употреби солзавец во обид да ги растера еколошките активисти од шумата во западниот дел на земјата каде што е планирана изградба на нов аеродром.

Владата во јануари се откажа од контроверзниот проект за изградба на нов аеродром во близина на Нант, но премиерот Едуар Филип во таа прилика најави дека „забранетата зона која цветала речиси десет години“ ќе заврши.

Локалните политичари се надеваа дека аеродромот ќе ја поттикне економијата во регионот.

Критичарите тврделе дека проектот е прескап и штетен за животната средина, и слабиот промет на веќе постоечкиот аеродром не го оправдува.

Полицијата е мобилизирана со цел да ја исели областа позната како ЗАД. Неколку стотици активисти ја окупираа локацијата од околу 1.650 хектари, едно време резервирана за предложениот аеродром во близина на западниот град Нант, нарекувајќи ја нивна „Зона за одбрана“ (Zone a Defendre) додека официјално гласи „Зона за иден развој“ (Zone d’aménagement différée)

Околу 2.500 полицајци се распоредени да ги истераат активистите од шумата. Блокирајќи ги блиските патишта со цел да ги изолираат активистите, од кои многу од нив со години илегално се во шумата

.

Тагови

Поврзани вести